Македонската Кошаркарска Федерација на почетокот од денешната прес-конференција за најава од овогодинешното финале му врачи признание на КК Работнички за одличните настапи што „црвено-белите“ ги имаа во текот на сезоната.
„Би сакал да му оддадам признание на КК Работнички за одличните резултати во текот на сезоната, со 22 победи во низа, нешто што досега на никој не му успеало во историјата на македонската кошарка“ – изјави директорот на МКФ, врачувајќи му го признанието на тренерот Марин Докузовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА