И Ријека го сака Мирко Ивановски во своите редови!

Мирко Ивановски зад себе остава одлична сезона во дресот на Славен Белупо, завршувајќи го хрватскиот шампионат со 15 постигнати погодоци по оној вчерашниот за победа против Осиејк во последното коло од 2-1.

28-годишниот Ивановски, на листата на најдобрите стрелци, е само на еден гол од водечките Хебер од Ријека и Соудани од Динамо Загреб… И, веќе е на мета на неколку европски клубови и поради фактот дека ова лето му завршува договорот со Славен Белупо, па како слободен фудбалер ќе може да реализира трансфер доколку во меѓувреме не дојде до договор меѓу Ивановски и клубот.

Сето ова за македонскиот офанзивец доаѓа по извонредната сезона во која се издвои меѓу најдобрите фудбалери во Хрватска. Токму поради тоа, како што дознаваме, за него веќе има отворен интерес од Ријека која ова лето ја очекуваат квалификациите во Лигата на Европа.

Претходно, како што е познато, италијанските медиуми ја пренесоа и заинтересираноста на Џенова за ангажман на Ивановски.

„Од Славен Белупо се навистина коректни со мене, нудејќи ми останување во клубот и мора да им се заблагодарам на тоа. Но, ако дојде сериозна понуда која не може да се одбие тогаш мора да размислам затоа што мора да мислам и не семејството и егзистенцијата“ – изјави неодамна Ивановски.

Мирко Ивановски досега во својата кариера има настапи и за романска Астра, унгарски Видеотон и за турскиот Болуспор. Зад себе има и 27 настапи за македонската репрезентација.

 

Се вчитува...