Со последното коло денеска од 16:30 часот се става точка на второлигашките возбудувања за сезонава на Истокот и на Западот. Веќе се познати новите прволигаши од двете страни, Беласица и Македонија ЃП, па останува уште да бидат познати екипите кои преку баражот ќе бараат шанса за прволигашка промоција.
На Истокот за второто место во битка се штипска Брегалница и велешки Борец. Но, Борец за стигнување до второто место, освен што ќе мора да победи на гостувањето против Саса во Каменица, ќе мора да се „крсти“ и во Беласица која денеска во Струмица мора да извојува победа против штипјани ако сака Борец втора позиција…
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК – Последно коло (денеска, 16:30 ч.)
Беласица – Брегалница
Саса – Борец
Победа Валандово – Тиквеш
Осогово – Кожуф
На Западот, пак, битката за втората позиција ќе биде меѓу Гостивар и Велазерими. На Гостивар му е неопходна победа на домашен терен против Македонија ЃП за да ја зачува втората позиција. Велазерими, пак, гостува на Тетекс…
ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД – Последно коло (денеска, 16:30 ч.)
Гостивар – Македонија ЃП
Тетекс – Велазерими
Локомотива – Струга ТЛ
Еуромилк ГЛ – Новаци
Зајази – Лабуништа
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА