Парма повторно „воскресна“: Легендарната генерација која никогаш нема да биде заборавена!

Сите искрени љубители на фудбалот со задоволство ја дочекаа веста за враќањето на Парва во Серија А, иако само пред неколку години беше исфрлена дури во Серија Д.

Парма пред неколку години ја отпишаа буквално сите, откако беше донесен пред тотално гаснење. Но, луѓето кои ја презедоа веруваа дека еден ќе ја вратат таму каде што припаѓа – Сериј А. И, синоќа се успеа во тоа!

А, помислата на Парма за многумина во светот предизвикува убави емоции потсетувајќи се на тимот и нивните игри од пред 20 години. Парма тогаш беше во самиот врв на италијанскиот фудбал, и тоа во време кога Серија А беше веројатно најсилната лига во светот. Покрај Јувентус, Интер, Милан, Рома и Лацио тука беше една „мала“ Парма која секого воодушевуваше.

Круна на тоа „мало чудо“ беше 1999 година кога успеа да го освои Купот на УЕФА. Италијанскиот тим во финалето на „Лужњики“ во Москва тогаш го прегази Марсеј со 3-0. Па, веќе тогаш беше јасно дека Парма тешко ќе успее да го зачува тој тим, исклучителни поединци подготвени за големи кариери. Меѓу нив и легендарниот Џанлуиџи Буфон кој денеска го игра последниот натпревар за Јувентус.

Од таа 1999 година, составот на Парма уште долги години ќе се памети. Алберто Малезани од клупата имаше можност да води екипа која со златни букви ја запиша историјата на Парма, а денеска кога овој клуб се враќа од „мртвите“ сигурно убаво е да се сетите на генерацијата која ја однесе оваа екипа до титулата во Купот на УЕФА…: Буфон, Турам, Сенсини, Канаваро, Баџо, Богосаин, Фузер, Верон, Ваноли, Креспо и Киеза. А, на клупата уште и Микилио, Сартор, Муси, Аполони, Фиоре, Асприља и Балбо.

Се вчитува...