Вардар и Металург во битолско финале за титула во Купот 

Бранителот на титулата Вардар и стариот ривал Металург по една година пауза одново ќе играат финале за титула. Денеска (16.30 ч.) во салата „Младост“ во Битола, двата скопски тима ќе се борат за пехарот во ракометниот Куп на Македонија.

Според резултатите и односот на силите, Вардар е апсолутен фаворит за овојување на 13.Куп титула во својата историја. Металург во својата колекција досега има пет титули во Купот, последната освоена во 2013 година, а последната победа против Вардар во финалето од Купот датира од 2010 година. Во последните пет изданија на завршницата од ова натпреварување Вардар е доминантен и практично без посериозна конкуренција во одбраната на титулата.

„Црвено-црните“ беа убедливи и во последниот дуел против Металург од годинашниот суперлигашки плеј-оф во кој славеа со 37-18. Овој триумф но и комплетно, сезоната што ја имаат зад себе не остава простор за дилема дека Вардар и во денешното финале ќе го има главниот збор, а Металург ќе се обиде да одигра достојно против европскиот шампион.

Во скопско-битолските дуели на патот до финалето, Вардар го победи Пелистер (46-27), а Металург беше поуспешен од ланскиот финалист Еурофарм Работник (28-21).

Се вчитува...