ВИДЕО: Солзи, емоции, подароци… Џиџи се збогуваше со навивачите пред последниот меч за Јуве!

Легендарниот Џанлуиџи Буфон против Верона во последното коло од Серија А го игра последниот свој натпревар во дресот на Јувентус…

Уште пред натпреварот сето тоа испратено со многу емоции, солзи и кај Џиџи и кај најверните фанови на „Старата дама“ кои подготвија и неколку подароци за својот идол.

Како што најави претходно, Буфон ги завршува своите настапи за Јуве но не планира крај на кариерата. Веќе се спомнуваа неколку клубови од Англија и од Франција како негова следна дестинација од кои секако највпечатливи се понудите од ПСЖ и од Ливерпул!

 

Се вчитува...