Јуве стави печат со победа, Буфон си замина со стил

Јувентус со победа ја заврши оваа сезона откако „старата дама“ славеше над Верона со 2-1 во меч што ќе остане запаметен како последен што Џанлуиџи Буфон го одигра во дресот на Јуве. Титулата беше веќе осигурана, што овозможи избраниците на Алегри да одиграат меч без апсолутно никаков притисок и на крајот заслужено да прокнижат нови три бода, за печат на успешната сезона и новата двојна круна.

Првото полувреме мина во доминација на Јувентус, но домаќините не успеаја да ја затресат мрежата на Верона. Тоа набрзина го сторија два пати на стартот од вториот дел, кога најпрвин Ругани реагираше од непосредна близина по една одбиена топка, прд Пјаниќ да постигне еврогол од слободен удар за водство од 2-0.

Гостите успеаја да намалат на 2-1, а во финишот беше досуден и пенал за Јувентус. Честа му припадна на Лихтштајнер, кој исто како и Буфон го играше последниот меч за Јуве, но швајцарскиот бек не беше прецизен од белата точка.

Се вчитува...