Лука Зидан дебитираше за Реал во ремито против Вилјареал

Лука Зидан, синот на тренерот Зинедин Зидан, доби шанса да биде прв чувар на мрежата на Реал Мадрид на вечерашниот меч против Вилјареал. „Кралевите“ имаа водство од 0-2 по првиот дел, но „жолтата подморница“ на крајот успеа да стигне до реми, 2-2.

Герет Бејл и Кристијано Роналдо беа стрелци на головите за Реал Мадрид, но Роџер Мартинез и Саму Кастилјехо возвратија во вториот дел.

Се вчитува...