Работнички остана без Мираковски, првиот финален меч супернеизвесен (42-42) до полувремето

Работнички остана без еден голем адут, се повреди Димитар Мираковски. Во 19.минута, при еден продор, тој го повреди бутниот мускул и остана да лежи на паркетот во салата „Градски парк“. Без него, во продолжението од овој дуел, а можеби и на дел од останатите мечеви во финалната серија од плејофот, на тимот на Марин Докузовски ќе му биде многу потешко во битката за титулата против актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром.

По првите 20 минути, мечот е супер-неизвесен (42-42). Првиот период му припадна на МЗТ Скопје (23-26), а во вториот Работнички сепак успеа да израмни и на одмор и двете екипи заминаа без предност.

Токму повредениот Мираковски со девет поени е најефикасен кај домаќините, а Дамјан Стојановски со 12 поени и Јуре Лалиќ со 10 поени се предводници во составот на МЗТ Скопје Аеродром.

Се вчитува...