Реал Мадрид по десетти пат на врвот на Европа!

Реал Мадрид е новиот кошаркарски европски шампион стигнувајќи до својата десетта круна во историјата! „Кралевите“ го детронизираа Фенербахче победувајќи со 85-80 (21-17, 17-23, 25-15, 22-25) во финалето на Ф4 турнирот кој викендов се играше во Белград.

Сосема заслужено шпанскиот тим, по три години, повторно се враќа на врвот на Европа во извонредно одиграно финале комплетно надигрувајќи го турскиот тим предводен од Жељко Обрадовиќ.

Одлично кошаркарите на Реал Мадрид го почнаа мечот контролирајќи го резултатот, иако Турците во вториот период преку агресивна одбрана успеаја да заминат со предност на полувремето (38-40).

Сепак, клучан беше третата четвртина која комплетно им припадна на Шпанците. Ја добија со +10 поени, па во последниот период влегоа со солидна предност. Фенербахче на 24 секунди пред крајот, со тројката на Мухамед стигна на само три негатива (81-78), но тоа беше се што можеше да направи во обидот да го спречи Реал.

На тој начин Реал Мадрид стигна до десеттата своја европска титула, а притоа спречувајќи го големиот Жељко Обрадовиќ во својот Белград да дојде до „десеттката“.


Предводници во триумфот на Реал Мадрид беа Лука Дончиќ со 15 поени, четири асистенции и три скока, како и Фабиен со 17 поени и две асистенции. Томпкинс мечот го заврши со 10 постигнати поени. Во поразениот тим Николо Мели беше извонреден со 28 поени и 6 скока, но не успеа извонредната партија да ја преточи и во победа за својот Фенербахче.

 

Се вчитува...