МЗТ Скопје Аеродром во првиот обид не успеа да го освои „Градски парк“. За да го одбрани трофејот, на актуелниот првак ќе му треба Дамјан Стојановски на високо ниво. Тоа беше јасно и пред првиот финален меч, а репрезентативецот ‘се јави’ и одигра одличен меч. Но, се чини дека освен Јуре Лалиќ, немаше други расположени соиграчи за конечен триумф во првата пресметка.
Дамјан Стојановски беше одличен во првите три четвртини од дуелот, но потоа стигна одговорот и од „доктор Марин“. Го затвори максимално најдобриот играч на гостите во последниот решавачки период, и Работнички создаде недостижна предност, стигнувајќи до првата финална победа. Серијата продолжува в среда во „Јане Сандански“ во Аеродром.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА