Интер го тресна Лацио во Рим и се пласира во Лигата на шампионите

Интер е четвртиот патник во Лигата на шампионите од Серија А. „Нероаѕурите“ ја добија директната пресметка против Лацио во Рим со 2-3 и се искачија на четвртата позиција на табелата која води во елитното европско клупско натпреварување. Интер и Лацио имаат идентични 72 бода, но тимот од Милано поради подобриот меѓусебен скор, ќе игра во ЛШ.

Кога беше најважно, избраниците на Лучијано Спалети покажаа победнички карактер. Иако имаа негатива од 2-1, на крајот сепак стигнаа до триумф од 2-3 и три бода со кои се пласираа во ЛШ.

Перишиќ на стартот си постигна автогол, па иако Д’Амброзио израмни, сепак, Фелипе Андерсон донесе водство за Лацио на полувремето. Но, во вториот дел, Мауро Икарди израмни од пенал, а Весино во 82.минутас го постигна победничкиот погодок за Интер вреден пласман во ЛШ.

Рома славеше на гости против Сасуоло со 0-1, со автоголот на Пеголо.

Се вчитува...