Иниеста: Дојдов во Барса како дете, си одам како маж…

Барселона ја заокружи сезоната со минимална победа од 1-0, но мечот против Реал Сосиедад ќе остане запаметен како последен што Андрес Иниеста го одигра во каталонскиот дрес. Фудбалскиот генијалец, кој на крајот од сезонава си заминува од „Камп ноу“, не можеше да ги сокрие солзите по прекрасното испраќање од клубот каде ја мина целата своја кариера.

„Ова е тежок ден за мене, дојдов пред 22 години во Барселона како дете, сега си заминувам како маж. Ми беше голема чест да ги бранам боите на овој клуб, за мене најдобар во светот, благодарност до сите соиграчи со кои имам настапувано и до навивачите. Секогаш ќе ве носам со себе во срцето“ – порача Андрес Иниеста.

Шпанецот требаше да замине во Кина, тој трансфер пропадна, па сега е најблизу до преселба во Јапонија, во редовите на Висел Кобе.

Се вчитува...