Милан е во Лигата на Европа – Гатузо ќе пешачи 30 километри

Милан ја растури Фиорентина и обезбеди пласман во Лигата на Европа, принудувајќи го тренерот Џенаро Гатузо да го исполни даденото ветување – да пешачи 30 километри доколку „росонерите“ обезбедат излез во фудбалска Европа за наредната сезона.

„Ветувањата се даваат за потоа да се исполнат. Во вторник или среда ќе излезам од дома и ќе тргнам, зад мене бавно ќе вози жена ми со автомобилот полн со вода и други неопходни работи, за да биде тука доколку се случи нешто непредвидено. Како и да е, ќе пешачам 30 километри, даденото ветување ќе биде испочитувано до крај“ – порача Џенаро Гатузо.

Неколку италијански медиуми ја оценија неговата работа со „седумка“, а и самиот Гатузо смета дека заслугите треба да заминат на адреса неговите фудбалери.

„Седумка? Па јас ниту во школо не сум добил толку висока оценка, ниту по религија… Искрено, горд сум на резултатите, имаше моменти кога воопшто не беше лесно, но тогаш на сцена стапуваа фудбалерите и ги решаваа проблемите. Затоа и тие ги заслужуваат комплиментите повеќе од мене“ – порача Џенаро Гатузо.

Се вчитува...