Барселона синоќа ја прослави 25-та титула во Шпанија, и четврта едноподруго. Но, мечот против Реал Сосиедад ќе остане единствено запаметен по збогувањето на Андрес Иниеста од дресот на каталонскиот тим.
Во чест на легендарниот фудбалер на Барса, сите играчи излегоа на терен во дресови со бројот осум… А, Шпанецот кој во Барселона освои 32 трофеи и долги часови по крајот на мечот остана на „Камп Ноу“.
По натпреварот, „Камп Ноу“ се испразна, фудбалерите одамна заминати, а само Андрес осамен на центарот комплетно испразнет, под силен емотивен набој за крајот на една прекрасна бајка…. Фотографиите на Иниеста со празниот „Камп Ноу“ дефинитивно ќе останат за историјата!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА