Јавна тајна е дека Лионел Меси дава свое мислење за секој фудбалер пред за него да биде испратена понуда од страна на раководството на Барселона. Кога станува збор за Антоан Гризман, кај Меси нема дилеми – асот на Атлетико Мадрид е играч од највисока класа и дефинитивно е добредојден во Барселона.
„Гризман многу ми се допаѓа, тој е еден од најдобрите во светот. Не знам во која фаза е неговиот трансфер, но ние секоаш сме воодушевени кога доаѓаат најдобрите фудбалери. Гризман дефинитивно е еден од нив“ – истакна Меси.
Гризман има клаузула во договорот со Атлетико Мадрид што го прави достапен за отштета од 100 милиони евра, Барселона е подготвена да ја плати оваа сума, па Французинот уште пред почетокот на СП 2018 ќе потпише договор со каталонскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА