И Шпанците со список: Мората и Фабрегас ќе го гледаат мундијалот на ТВ

Шпанскиот селектор Хулен Лопетеги денеска го објави списокот на играчи кои ќе настапуваат за „црвената фурија“ на СП 2018 во Русија. Кормиларот на шпанскиот состав реши да избрише неколку фудбалери кои настапуваа со успех во минатото, па така Алваро Мората и Цеск Фабрегас од Челси претстојниот мундијал ќе го следат на ТВ. На списокот од 23 фудбалери не се најдоа уште двајца фудбалери на Челси, Педро и Алонсо, па единствен претставник на клубот од „Стемфорд бриџ“ ќе биде Цезар Азпиликуета.

Од списокот на Лопетеги е очигледно дека Диего Коста е планиран за предводник на нападот на „фуријата“, со Родриго како резервна опција. Јаго Аспас од Селта е мало изненадување, а шанса ќе добијат и Лукас Васкез и Асенсио од Реал Мадрид.

Лапорт од Манчестер сити сепак не се најде на списокот на Лопетеги иако се најавуваше дека би можел да се откаже од францускиот национален тим за да го облече дресот на Шпанија токму на овој мундијал.

Се вчитува...