Легендарниот шпански фудбалер Андрес Иниеста го одигра последниот меч на „Камп Ноу“ во дресот на Барселона и ќе го напушти клубот ова лето. По громогласниот аплауз од фановите остана сам на теренот уште неколку часа, а денеска се ‘збогува’ и со трофеите кои ги освои во периодот додека го носеше дресот на каталонскиот гигант.
„Во Барселона поминав 22 прекрасни години. Ми беше чест и задоволство да го носам дресот на клубот, кој за мене е најдобар во светот. Им благодарам на сите фанови, на сите фудбалери, тренери и службени лица во клубот со кои соработував во изминатиот период“, изјави Андрес Иниеста.
Андрес Иниеста во периодот додека настапуваше за Барселона освои фантастични 32 трофеи. Заедно со него, оваа бројка ја дели само уште Аргентинецот Лионел Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА