Пелегрини се враќа назад во Премиер-лигата

Поранешниот менаџер на Манчестер сити, Мануел Пелегрини, е подготвен да се врати назад во Премиер-лигата откако постигна начелен договор за преземање на кормилото на Вест хем. Лондонскиот клуб на крајот од сезонава го отпушти Дејвид Мојес, а откако не постигна договор со Фонсека (реши да остане во Шахтјор) го насочи вниманието кон Пелегрини.

Чилеанецот во последните две сезони имаше ангажман во Кина на чело на Хебеи, но во последно време интензивно бараше работа назад во Европа. Вест хем ги прифати неговите услови, па Пелегрини се согласи на тригодишен договор за плата од пет милиони фунти по сезона, плус бонуси.

Мануел Пелегрини мина три сезони во Манчестер сити, освојувајќи ја титулата во 2014 година. Тој освои и два лига-купови на оваа земја, а во 2016 година со „граѓаните“ стигна и до полуфиналето во Лигата на шампионите, каде беше елиминиран од Реал Мадрид.

Се вчитува...