Роналдо, Салах, Манолас….. во најдобрите моменти во ЛШ сезонава

Финалната пресметка во фудбалската Лига на шампионите меѓу бранителот на трофејот Реал Мадрид и Ливерпул е во фокусот на светското внимание уште по комплетирањето на полуфиналните пресметки. „Кралот“ на елитното натпреварување и црвениот предизвикувач од Англија за престижниот пехар се соочуваат в сабота во Киев.

Во пресрет на финалето, неколку големи моменти кои оваа сезона во Лигата на шампионите ја направија апсолутно незаборавна.

Погодокот со глава на Костас Манолас кој го комплетираше најголмиот „comeback“ во историјата на фудбалската лига на шампионите. Рома беше буквално надвор од овој свет против Барселона во таа вторничка вечер во април и изгледаше дека каталонците ќе се провлечат во полуфиналето се додека Манолас не го постигна историскиот погодок. Емоциите од таа вечер на Олимпико, фановите на Рома нема никогаш да ги заборават. Фудбалот е измислен за моменти како овој.

Оваа сезона, Тотенхем понуди повеќе моменти кои би можеле да влезат во изборот најзабележителни. Во огромниот квалитетивен и резултатски скок што клубот го направи во оваа сеозна, погодокот на Кристијан Ерксен за израмнување кај Јувентус во гости дефинитивно е за издвојување. Тотенхем имаше тешка задача оваа сеозна во лигата на шампионит, фудбалери беа на висината на задачата, но голот на Ериксен кој донесе неверојатн враќање дефинитивно потврди дека Маурисио Покетино оваа сезона имаше еден од најдобрите тимови што Тотенхем некогаш ги понудил на меѓународна сцена.

Голот на Мо Салах во возвратниот натпревар против Манчестер Сити. Токму во мометот кога Ливерпул почнуваше да губи здив и очајно му требаше пресвртна точка, дојде тој, на најноншалантен начин, смирен и како воопшто и да не вложува напор, го направи чекорот кој го реши двомечот.

Ножичките на Кристијано Роналдо во четвртфиналната пресметка на Реал Мадрид со Јувентус. Најдобриот стрелец во историјата на шампионската лига, со возраста полека станува ловокрадец, но покажува дека и натаму може дапостигнува голови ЧУДА. Стоечките овации што ги доби од навивачите на Јуве потсетија на моментот кога „оригиналниот“ Роналдо постигна хет-трик против Манчестер јуанјтед на „Олд трафорд“.

Левиот бек на Пари Сен Жермен,  Лејвин Курзава – сосема просечен играч кој постигна хет-трик против Андерлехт. Замислете си ги сите големи одбрамбени играчи кои настапувале во елитното натпреварување и сега замилете си дека токму тој е првиот со постигнат хет-трик. Вакви моменти нуди само фудбалот.

Џејмс Палота, американскиот милјардер, претседател на Рома и неговиот пад во фонтаната Пјаца дел Пополо веднаш откако неговиот клуб го комплетираше најголемот камбек што го видело ова натпреварување…….по победата на Барселона над ПСЖ. Тоа беше дефинирачки момент за голема сезона на Рома.

 

 

Се вчитува...