Играчот за врска на Рома, Раџа Наинголан, не се најде на списокот на Белгија за настап на Светското првенство, а по ова и дефинитивно стави крај на репрезентативната кариера. Тој вели дека отсега ќе биде најверниот навивач на „ѓаволите“.
„Со голема болка во срцето морам да објавам дека ја завршувам мојата репрезентативна кариера. Секогаш го давав максимумот во дресот со националниот грб. Сега Белгија во мене ќе го има најверниот навивач“, истакна Наинголан, кој сега ќе се посвети на клупските настапи во Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА