Доаѓа „Денот Д“ – Вардар е подготвен за Келн (ЕХФ видео)

Ракометарите на Вардар ги финишираат подготовките за најголемиот предизвик сезонава, одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Двојната круна во Македонија со леснотија беше одбранета, исто како и пехарот во СЕХА-лигата, но „црвено-црните“ се свесни дека клучниот предизвик ги очекува претстојниот викенд, во „Ланксес арена“ во Келн каде лани испишаа нови страници во клупската историја.

Одличните игри на „црвено-црните“ низ целата сезона се најава дека Раул Гонзалес и неговите избраници можат повторно да стигнат до самиот крај и да се искачат до врвот на Европа.

Во меѓувреме, ЕХФ објави и видео со настапите на „вардарци“ во досегашниот дел од сезоната, како најава за „Денот Д“ – почетокот на фајналфор турнирот од Лигата на шампионите.

 

Се вчитува...