Завршниот спектакл во кошаркарската Евролига на домаќинот Белград му донел заработувачка од околу 20 милиони евра.
Градскиот менаџер, Горан Весиќ за српските медиуми потврди дека Ф4 турнирот привлекол голем број туристи и дека оттаму доаѓа најголем дел од приходите.
„Имаше многу туристи, но 15.000 е она што го знаеме официјално. Тие 15 туристи во просек имаа по три ноќевања во Белград, односно четири дена престој. А, ако знаеме дека еден турист во Белград дневно троши околу 300 евра, за сместување и за се друго, тоа значи чиста заработивачка од 18 милиони евра. Градот заработе еден милион на ложите, а имаше и дополна заработувачка од целиот настан, или вкупно околу 20 милиони евра“ – изјави Весиќ.
Добрата организација и добриот профит, на Белград му отвораат врата за ново домаќинство. Српската престолнина веќе најави кандидатура за завршницата на Евролигата во 2020 година.
„Се покажавме како одлични домаќини и поради тоа донесовме одлука да се кандидираме за завршниот турнир во 2020 година и да побараме од Евролигата договор на три години“ – соопшти претставникот на град Белград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА