Пепе Реина во „мафијашки“ проблеми

Шпанскиот голман Пепе Реина обвинет е за поврзаност со мафијата. Реина пред челниците на Италијанската фудбалска федерација ќе мора да го објасни пријателството со луѓето од злогласната „Камора“.

Реина имаше и продолжува да одржува непримерни врски и пријателство со Габриел Еспозито, Францеско Еспозито и Џузепе Еспозито. Тоа пријателство вклучува одење на одмор и размена на услуги“ – пишуваа во официјалното соопштение од Италијанската фудбалска федерација.

Шпанскиот голман, наводно на мафијашките браќа им обезбедувал влезници за натпреварите. Но, Реина не е единствениот што ќе мора да оди на сослушување. Покрај него тоа ќе мора да го сторат и Паоло Канаваро и Салваторе Ароника.

Поврзаноста со мафијата е една од причините зошто реина летово го напушта Наполи и заминува во Милан.

Се вчитува...