Навивачите на Ливерпул се бесни и најавуваат бојкот на финалето од Лигата на шампионите по неверојатното зголемување на цените на влезниците за саботниот натпревар во Киев, во кој нивниот тим ќе се сретне со Реал Мадрид.
„Црвените“ се бесни што двата тима добиве само по 16.626 билети, а голем дел од останатите билети се продаваат „на црно“ по неверојатни цени. Како што пишува весникот „Дејли мејл“, еден билет од самиот агол на стадионот, чија реална вредност е 281 фунти, се препродава за неверојатни 15.000 фунти.
„Ако има празни седишта на стадионот во Киев тоа треба да послужи како будење за УЕФА. Секако треба да се разбудат во европската куќа на фудбалот, бидејќи ова е дебакл – самиот избор на локацијта на финалето, како и цените на билетите и сместувањето“ – изјави Џејмс МекКена, споуксмен на фан-групата на Ливерпул.
Веб-страницата „Тикетбис“, која се занимава со препродажба на билети, нуди најефтин билет за сума од 1.181 фунта, иако при продажбата на УЕФА истиот беше со цена од 140 фунти.
„Смешно е. Луѓе кои не навиваат за ниту еден од двата финалисти ќе си земат билети, и потоа ги користат за да заработат неверојатна сума на нив“ – порачуваат од фан-клубот на англискиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА