Навивачката група „Сити Парк Бојс“, фанови на кошаркарскиот клуб Работнички, ќе го бојкотира утрешниот втор натпревар од финалната серија против МЗТ Скопје Аеродром, истакнувајќи дека домаќинот сака со поканата да го оправда своето мизерно однесување во изминатиот период.
Нема да дозволиме никој да го навредува и омаловажува името на нашиот клуб КК Работнички, а истовремено за сметка на тие навреди да глуми широко градост и добар домаќин наводно поканувајќи ги сите и едните и другите. Не може никој да плука и фрла дрва и камења по КК Работнички, а да очекува дека сите оние со црвено-бела во себе преќутно ќе ја прифатат таа покана. Поканата од истите оние кои за секоја ситница плачат како баби нарикачи на записничката маса и бараат да се испразнат трибините од навивачите, а сега одеднаш имаат амнезија и преку некакви покани пробуваат да го оправдаат своето мизерно однесување објаснувајќи колку тие ги почитуваат противничките навивачи и симпатизери.
Затоа одлучивме да покажеме солидарност и да ги повикаме сите навивачи и симпатизери на КК Работнички да го збогатат утрешниот натпревар со своето неприсуство!!!
Со почит,
City Park Boys
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА