Навивачите на англиската репрезентација им објавија војна на руските фанови за време на светскиот шампионат што ќе се одржи во оваа земја. Во период кога политичките односи меѓу двете земји се максимално затегнати, постои сериозна опасност од големи судири откако приврзаниците на „гордиот албион“ најавија инциденти на руско тло во текот на мундијалот.
Војната почна за време на ЕП во Франција во 2016 година, кога Англичаните изедоа ќотек од руските хулигани, па сега најавуваат одмазда.
„Тоа ќе биде трета, четврта, петта, шеста и седма светска војна. Ако луѓет мислат дека тоа ќе биде една голема шега, дека ќе играме фудбал, ќе пиеме и ќе си разговараме, се лажат… такво нешто нема да се случи. Нема да има заштита. Ќе тргнеме 24.000 навивачи подготвени за борба“ – порачуваат англиските хулигани преку таблоидот „Дејли стар“.
Англија е дел од групата Г заедно со Белгија, Панама и Тунис. Во оваа фаза англиските фудбалери ќе играат во Волгоград, Нижњи Новгород и Калињинград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА