УЕФА пак го одби Милан, следи сослушување и казна

Милан дефинитивно ќе биде казнет од УЕФА откако европската куќа на фудбалот го одби и вториот предлог-план на „росонерите“ со кои овој клуб планираше да ги регулира своите финансии за да бидат согласно правилата за финансиски фер-плеј. Откако првиот план беше одбиен пред околу четири месеци, челниците на Милан се надеваа дека со вториот ќе успеат да се договорат, поднесувајќи документ од 150 страници. Сепак, денеска стигна негативен одговор од УЕФА, што само по себе значи и прекин на разговорите и почнување на истрага против клубот од „Сан Сиро“.

Ова значи дека претставници на УЕФА во следниот период длабоко ќе ги анализираат сметководствените книги на „росонерите“, за во јуни да биде одржано и сослушување на кое ќе бидат разгледани собраните резултати од страна на инспекцијата.

Она што е сигурно е дека Милан ќе биде санкциониран, парична казна е неизбежна, но „росонерите“ се надеваат дека нема да добијат забрана за трансфери, или пак забрана за настап во европските купови, казни што исто така се можни за нарушување на финансискиот фер-плеј.

Се вчитува...