Арпад Штербик го освои МВП признанието на ланскиот фајналфор турнир од Лигата на шампионите, а асот на Вардар е подготвен и за предизвикот што претстои овој викенд, одбраната на европската круна во „Ланксес арена“ во Келн.
Штербик беше главен адут на „вардарци“ во поголемиот дел од сезонава, а се очекува да го има главниот збор и на саботниот дуел против Монпелје, на кој за ривал на спротивната страна ќе го има првиот голман на француската репрезентација, Винсен Жерар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА