Украинскиот фудбал е погоден од огромен скандал откако денеска беше обелоденето дека во тек е истрага против 35 клубови кои учествувале во местење на натпревари.
„Претседатели на клубови, поранешни и сегашни фудбалери, судии, тренери… сите тие учествувале во овој скандал. Севкупно, имаме докази за 57 натпревари, а во местењето учествувале над 320 лица“ – соопшти Министерот за Внатрешни Работи на Украина, Арсен Аваков.
Претставниците на полицијата соопштија дека се уште не се извршени апсења, но медиумите очекуваат тоа да се случи во текот на утрешниот ден.
Неофицијално, поголемиот дел од натпреварите се од втората лига на Украина, иако има и средби меѓу прволигашки екипи за кои постои основан сомнеж дека победникот бил однапред познат.
Украинските медиуми објавија дека под истрага меѓу другите се и Ворскла и Зарија, две екипи кои обезбедија учество во Лигата на Европа, но како што стојат работите би можеле дури и да бидат исфрлени од елитното украинско фудбалско друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА