Шкендија се врати на местото на „злосторот“: Купот лани се ’лизна’, сега спринт по него (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шкендија на доминантен начин ја освои шампионската титула во Првата лига на Македонија, а има шанса да стигне и до двојна круна. Утревечер на стадионот „Младост“ во Струмица, во реприза на минатогодишното финале, во нова финална куп-пресметка ќе ги одмерат Шкендија и Пелистер. Минатата година славеа битолчани, по подобро изведување пенали, а сега избраниците на Ќатип Османи ќе имаат можност за одмазда.

Во последното првенствено коло, во Тетово, Шкендија славеше со убедливи 4-0 и го испрати Пелистер во Втората лига…Но, Купот често знае да донесе и изненадувања…

 

Се вчитува...