Голем удар за Аргентина, голманот Ромеро го пропушта мундијалот во Русија

Фудбалската репрезентација на Аргентина доживеа голем удар во пресрет на Светското првенство во Русија. „Гаучосите“ останаа без својот прв голман, Серхио Ромеро, кој заработи посериозна повреда на коленото на тренинг и нема да биде способен за настап на мундијалот.

Голманот на Манчестер јунајтед на тренинг го повреди коленото. Деталните лекарски прегледи покажаа дека се работи за потешка повреда и тој дефинитивно нема да може да биде во составот на Аргентина на Светското првенство. Серхио Ромеро во наредните денови ќе замине на операција за да ја санира повреда на коленото.

Селекторот Хорхе Сампаоли во моментот има двајца голмани, искусниот Вили Кабалјеро, и Франко Армани, а во наредните неколку дена треба да одлучи која ќе биде замената за Серхио Ромеро.

 

Се вчитува...