Роналдо: Се чувствувам како да имам 23 години

Кристијано Роналдо е подготвен да продолжи да игра со ненамален интензитет уште долго, со оглед на тоа дека се чувствувал една деценија помладо од 33-те години кои што ги има. Во телевизиско интервју во пресрет на финалето од фудбалската Лига на шампионите, Роналдо даде малку чудна изјава зборувајќи за формата во која што се наоѓа.

„Во моментов јас сум на биолошка возраст од 23 години, Имам уште многу пред мене. Ќе играм до 41 година. Навистина не можам да се пожалам“ – вели Роналдо кој е во обид да дојде до петтата титула во Лигата на шампионите. 

Веќе шеста година по ред, Роналдо е водечки стрелец во Лигата на шампионите. Оваа сезона постигна 15 гола на 12 натпревари. Ако постигне гол в сабота во финалето против Ливерпул ќе стане првиот играч со погодоци на четири финалиња во европските купови.

Реал Мадрид е во обид да направи историски резултат со тоа што трета година по ред би дошол до шампионскиот пехар во елитното фудбалско натпреварување, нешто што последен пат му успеало на Баерн Минхен во периодот од 1974 до 1976 година.

Се вчитува...