Зинедин Зидан е свесен дека неговиот тим го очекува жестока битка во финалето во Киев, но гласно порача дека противникот сигурно нема да биде помотивиран од неговите избраници, кои се решени да стигнат до третата европска круна во низа.
„Како може некој да каже дека Ливерпул ќе биде „погладен за победа“ од нас. Единаесет години се без титула, па што, ние сакаме да бидеме шампиони три пати во низа. Никој не треба да го доведува во прашање нашиот пристап, бидејќи ќе сториме се што е во наша моќ за да славиме. Мојот тим има срце, никогаш не се предава, затоа и сме толку успешни. Знам, Ливерпул ќе изгине на теренот, но мое мислење е дека не може да го стигне Реал Мадрид“ – изјави Зидан.
Главната дилема на Зизу е дали во стартниот тим да го вклучи Герет Бејл, кој играше во извонредна форма на последните натпревари во Примера дивизион.
„Некогаш навистина главата ме боли од многу размислување околу составот, би лажел ако речам дека не е така. Ете и сега постојат дилеми, Бејл игра одлично и јавноста смета дека треба да игра од првата минута во Киев. Разгледувам неколку опции, а одлуката ќе ја донесам пред натпреварот“ – истакна стратегот на актуелниот европски првак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА