Четирикратниот светски шампион во кралската класа во Мото ГП, Марк Маркез, следниот месец ќе добие шанса да ги покаже своите способности во болид од Формула 1. Тест возењето го организира тимот на Ред Бул на австриската патека која е домаќин на една трка од ГП серијата.
Според првичните информации, Маркез ќе направи серија тестов во болидот на Ред Бул на 5 и 6 јуни, а ќе му се приклучат и неговиот клупски колега од Хонда, Дани Педроса и деветкратниот светски шампион во мотокрос, Антонио Кероли.
Во следните неколку дена тројцата мотоциклисти ќе бидат во базата на Ред Бул во Милтон Кејнс каде ќе се подготвуваат за возењето на симулаторот на тимот. Маркес и Педроса и во декември минатата година имаа тест возења со болид од јапонската серија Формула 3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА