Беше светски првак со Италија, а сега го чека затворска казна

На поранешниот италијански репрезентативец, Винченцо Јакинта, му се заканува затворска казна од шест години поради поврзаност со италијанската мафијата и нелегално чување на оружје.Во процесот во кој се обвинети 147 луѓе инволвирани во случајот, неговиот татко Џузепе може да заврши 19 години зад решетки.

Според “Газета дело Спорт“, Јакинта (38) исто така е обвинет и за фалсификување фактури, лихварство, изнудување, измама и криминална поврзаност со мафијата. Поранешниот фудбалер бил поврзан со една од четирите најголеми криминални групи во Италија со седиште во Калабрија, регионот од каде што потекнува неговото семејство.

Тој влегол во бизнисите со мафијата во завршната фаза од неговата фудбалска кариера додека настапуваше за тимот на Чезена.

Јакинта „направи име“ во тимот на Удинезе на кој му се приклучи на 21-годишна возраст во 2000 година, откако претходно во тинејџерските денови настапуваше во пониските лиги. Подоцна тој го носеше и дресот на Јувентус, во периодот од 2007 до 2013 година.

Се вчитува...