Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, решил да не го прекинува рамзанскиот пост поради финалето во фудбалската Лига на шампиони. Постот подразбира воздржување од храна и од вода од изгрејсонце до зајдисонце за сите муслимани, со исклучок на одредени групи кои се поштедени.
Салах доби можност да се откаже од постот, но Египќанецот сепак ќе остане доследен на првичната одлука. Мо Фарах на пример, го прескокна постот кога се бореше за златниот медал на Олимписките Игри.
Ова значи дека Салах со само еден оброк, по зајдисонце ќе влезе во финалната пресметка против Реал Мадрид в сабота во Киев. Неговиот став е дека постењето нема да му пречи во битката за трофејот. Тој беше клучен за успехот на Ливерпул во елитното натпреварување сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА