Официјално: Анчелоти нов тренер на Наполи

Веќе нема никакви дилеми, Карло Анчелоти од вечерва е нов тренер на Наполи откако трофејниот стратег се договори за тригодишна соработка со актуелниот вицешампион на Италија.

Поранешниот тренер на Милан, Јувентус, Реал, Челси, ПСЖ и Баерн Минхен во изминатите 48 часа водеше интензивни преговори со „наполитанците“, за на крајот да бидат договорени сите детали откако претседателот Аурелио де Лаурентис се согласи да му даде плата од 6,5 милиони евра по сезона.

Де Лаурентис попладнево и официјално му врачи отказ на Маурицио Сари, по што следеше и официјалната објава дека е постигнат договор со Анчелоти за тој да биде тренер на тимот почнувајќи од наредната сезона.

Приоритет за Карло Анчелоти ќе биде доведување на квалитетни засилувања, а на врвот на листата со желби се наоѓаат Артуро Видал и Марио Балотели.

Се вчитува...