Андрес Иниеста и дефинитивно се збогуваше со Барселона, за утрово да објави каде ќе ја продолжи својата кариера.
„На пат кон Јапонија, мојот нов дом“ – објави Иниеста фотографија од авионот на јапонскиот милијардер Хироши Микитани, претедател на компанијата Ракутен, која е главен спонзор на Барселона.
Висел Кобе ќе биде новиот клуб на Иниеста, со оглед на фактот дека Микитани е тесно поврзан со оваа екипа, за која веќе настапува Германец Лукас Подолски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА