Финалето од фудбалската Лига на шампионите меѓу Реал Мадрид и Ливерпул, в сабота во Киев би можело да биде на удар на сајбер напад од руски хакери, предупредува украинската тајна служба.
„Експертите на Тајната служба веруваат дека е направена хардверска инфекција на територијата на Украина које е подготовка за нов сајбер-напад од Руската федерација, а кој треба да ја дестабилизира ситуацијата за време на финалето од Лигата на шампионите“ – стои во соопштението од украинската тајна служба.
Украинските власти издадоа предупредување, а компанијата Cisco Systems објави дека нивниот безбедносен систем открил вирусен напад над околу 500 илјади рутери. Сепак, во информацијата на оваа компанија не се споменува Русија во врска со хакерскиот напад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА