Група од 540 навивачи на Ливерпул изнајмила три приватни авиони за да оди во Киев на финалето од фудбалската Лига на шампионите. За овој луксуз платие 450.000 фунти. Навивачите и на Ливерпул и на Реал Мадрид се принудени да преземаат очајнички мерки во обидите да отпатуваат во главниот украински град и да бидат сведоци на финалето.
За оне што патуваат од Англија, летовите беа експресно букирани, некои билети чинеа дури и по илјада фунти. Затоа оваа група од околу петстотини навивачи решила да си најде превоз резервирајќи три чартери преку авионската компанија „Виктор“.
Некои пак решија да одат по заобиколни патишта, да менуваат повеќе летови на патот до Киев. Па така дел од навивачите ќе одат преку Шведска, Летонија, Лiтванија. Тврдат дека овој начин е повтин од прескапите летови директно од Англија.
Од друга страна, 2.000 навивачи на Реал Мадрид беа принудени да ги вратат билетите бидејќи се соочија со логистички проблеми и со високите цени на патот до Киев. Повеќе од 24.000 навивачи на Реал Мадрид кои имаат сезонски билети беа дел од лотаријата за 13 илјади влезници кои му следуваат на клубот за финалето.
За шампионскиот викенд во Киев се очекува да има околу сто илјади туристи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА