Младата репрезентација на Македонија, составена главно од фудбалери до 19 години кои треба да играат во следниот квалификациски циклус за пласман на ЕП – У21, ремизираше во првиот пријателски натпревар од селекцијата на Азербејџан во Баку.
Составот кој го водат Звонко Златановски и Добринко Илиевски – Пижон, откако Благоја Милевски се повлече од кормилото на У21-селекцијата, одигра 1-1 Азербејџанците иако во поголемиот дел од мечот бевме подобри од домаќините со отворена можност и за триумф.
Азербејџан брзо дојде до водство, уште во 5. минута по грешката во нашата одбрана. Македонија имаше бројни шанси, пред се во вториот дел преку Атанасов, Чурлинов и Здравковски, за да конечно израмни во 87. минута со убавиот погодок со глава на дефанзивецот Филип Трајановски по нафрлувањето од слободен удар…
Вториот пријателски натпревар меѓу двете селекции се игра на 27. мај исто така во Баку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА