Германскиот интернационалец Емре Чан би можел да настапи во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, в сабота во Киев. Тој се опорави комплетно од повредата на грбот и речиси сигурно ќе биде дел од составот на Јирген Клоп за големата финална пресметка. Останува менаџерот на „црвените“ да одлучи дали ќе му даде шанса од самиот старт, со оглед дека тој беше надвор од натпреварувачки процес од 17 март, кога заработи повреда на мечот против Ватфорд.
„Мислевме дека ќе биде потешко со него, но тој ми вели дека се чувствува ’многу добро’. За нас е тоа пријатно изненадување. Исто така и Мили е добро. Сега сме веќе фокусирани комплетно на големиот предизвик“, изјави Јирген Клоп, потврдувајќи дека и Џејмс Милнер се чувствува одлично и нема проблеми за настап.
Ливерпул собираше сила за финалето на ЛШ на Марбелја, подготвувајќи се за финалето против актуелниот европски првак Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА