Македонска кошарка и се е можно. Едните се лутат на судии, другите пак мислат дека да влезеш во салата Градски парк е некоја драматична услуга. Така, КК Работнички излезе со соопштение, информирајќи дека билет за утрешниот трет финален меч од плејоф пресметката со МЗТ Скопје Аеродром ќе може да се добие само со претходна резервација. Небаре одиш во ресторан. Сепак, ќе има и хуманитарна нишка…
„Карти за утрешниот трет натпревар од финалето поради лимитиран број нема да има во официјална продажба. Сите оние што сакаат да ги бодрат црвено-белите и да дојдат до билет, ќе мора да остават име и презиме, телефон за контакт и број на потребни влезници во инбокс, на оваа фан страница и истите ќе можат да ги подигнат до 19:30ч. пред салата Градски Парк. Резервациите на картите ќе се примаат до 18:30ч.
Инаку, цената на билетите ќе ја одредите Вие, затоа што пред нашиот кошаркарски храм ќе има поставено кутии за донации и секој, се разбира, според сопствените можности, ќе може да донира, а собраните средства ќе одат во хуманитарни цели, за помош на Филип. Единствени до титула. Единствени во хуманоста“, се вели во соопштението на КК Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА