Викендов во Палести, Романија ќе се одржи состанок на бордот на директори на Европската традиционална карате федерација (ЕТКФ) на кој покрај другите ќе учестваат и проф. Венцислав Недев и м-р. Дејан Недев, двајцата членови на бордот на директори на ЕТКФ од Македонија.
На состанокот ќе се донесат многу важни одлуки за развојот на ЕТКФ и традиционалното карате во Европа како и за сите активности кој ќе се случуваат во текот на 2018/2019 година.
Состанокот ќе го водат проф. Д-р. Владимир Јорга, претседател и м-р. Дејан Недев, генерален секретар на ЕТКФ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА