Реал Мадрид утревечер го очекува нова финална пресметка во Лигата на шампионите, но Бразилецот Марсело побегна малку од темата за да ги „запали“ уште повеќе страстите околу евентуалниот трансфер на неговиот сонародник Нејмар на „Сантијаго Бернабеу“. Тој вели дека сите најголеми фудбалери треба да играат за Реал Мадрид.
„Многу е едноставно. Реал Мадрид е институција и е поголем клуб од било кој фудбалер и неговата величина. Но, затоа, сите најголеми фудбалери треба да играат за Реал Мадрид. Доколку тоа не го сториле, ќе имаат ’дупка’ во кариерата. Нејмар е еден од тие големи фудбалери“, изјави Марсело.
Нејмар минатото лето за 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ, а најавите велат дека по само една година во Париз би можел сега да пристигне во Мадрид, и тоа за сума од најмалку 250 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА