Градоначалникот на Центар – навивачки: Работнички победи за нас! (ФОТО)

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ очекува титулата – кошаркарски шампион на Македонија конечно, по долги години, да се врати во „Градски парк“.

Па, навивачки вечерва со поддршка за кошаркарите на Работнички кои со евентуален триумф може да дојдат до 3-0 во финалната серија против МЗТ Скопје и да прослават трофеј. Всушност, сите навивачи на Работнички тоа и го очекуваат вечерва во салата во Центар…

Но, дека ќе биде повторно неизвесно до самиот крај потврда е првото полувреме по кое МЗТ Скопје имаше солидна предност од 40-48.

Се вчитува...