Кошаркарот на Работнички, Расел Робинсон, го доби МВП – признанието за најкорисен играч во финалната серија од плејофот. Тој одигра најдобро кога беше најпотребно, и го изнесе на свои плеќи финалето против МЗТ Скопје Аеродром, откако се повреди капитенот Димитар Мираковски уште на првиот меч во Градски парк.
Робинсон беше клучен играч на Работнички при вториот дуел во „Јане Сандански“, кога постигна 22 поени, а на вечерашниот меч зад своето име запиша 13 кошеви.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА