Перо Блажевски во играчката кариера освои бројни трофеи и признанија, но денешниот медал му е прв на легендарниот кошаркар во тренерската кариера, како прв асистент на Марин Докузовски.
Сепак, кога дојде ред Блажевски да го добие медалот од директорот Темелковски, се увиде дека признанијата, кои пред доделувањата беа на број, се поделени „минус еден“.
Поточно, фоторепортерот на ЕКИПА улови каде заврши медалот на Блажевски, на вратот на член на клубот кој се снајде и во целата мешаница успеа да се истурка и да дојде до трофејот.
Најбурно од сите реагираше Марин Докузовски, кој инсистираше медалот да биде доделен на неговиот прв асистент, кој сигурно има значајна заслуга за оваа шампионска титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА