Кочов: Не бевме чесни кон кошарката, затоа останавме без трофејот

Ѓорѓи Кочов пристигна на клупата на МЗТ во најлош можен момент за аеродромци, се обиде да ја консолидира ситуацијата, но не успеа во остварувањето на клучната цел – одбраната на титулата. Младиот стручњак не го криеше разочарувањето по денешниот пораз, но посочи и дека тоа е своевидна казна за пристапот на МЗТ Скопје во последните месеци.

Почнавме одлично, рано дојдовме и до 15 поени предност, но како што ни се случуваше и претходно, пвоторно самите се победивме. Во ова финале се боревме максимално, но сметам дека она што не бевме чесни кон кошаркарскиот спорт, тоа ни се удри од главна и затоа не успеавме да ја одбраниме титулата. Искрено ми е жал, но таков е спортот, ќе мора да продолжиме и да одиме понатаму, да гледаме напред“ – изјави Кочов по вечерашниот пораз.

Се вчитува...